Во декември цените на храната низ светот паднаа

Сподели со своите пријатели

Цените на храната благо паднаа во декември 2024 година, со значително поевтин шеќер и стабилни цени на житарките, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Loading...

Индексот на цените на ФАО на кошничката основни прехранбени производи во декември во просек изнесуваше 127,0 поени и беше за 0,5 отсто понизок од ноември, пресмета ФАО.

Сепак, во споредба со декември 2023 година, цените на храната се повисоки за 6,7 отсто.

Во целата 2024 година, кошницата со основните прехранбени производи поевтини за 2,1 отсто, при што значително пониските цени на житариците и шеќерот преовладаа над растот на растителните масла, млекото и млечните производи и месото.

Најмногу паднала цената на шеќерот во декември, за 5,1 отсто во однос на ноември, благодарение на подобрените прогнози за земјоделските култури на водечките производители. Во однос на декември претходната година, цените се пониски за 10,6 отсто.

Поевтинија млекото и млечните производи

Во последниот месец од минатата година, значително поевтинија млекото и млечните производи, за 0,7 отсто во однос на ноември.

Нивните цени се намалија за прв пат од април под притисок на пониските цени на путерот во услови на намалена побарувачка и акумулирани залихи.

Во однос на декември 2023 година, цените на млекото и млечните производи се повисоки за 17 отсто, а во цела 2024 година се зголемени во просек за 4,7 отсто.

Loading...

Цените на житарките во декември се задржаа на нивото од претходниот месец. Во однос на декември 2023 година, тие се за 9,3 отсто пониски.

Извозните цени на пченицата беа стабилни во декември, одразувајќи ја рамнотежата помеѓу намалената побарувачка и подобрената понуда во Аргентина и Австралија и слабите услови за родот на пченицата во Русија.

Месото не поскапе многу

Пченката благо порасна благодарение на малку подобрениот извоз од САД, со намалената понуда и силната побарувачка за украинскиот извоз.

Во цела минатата година цените на житарките беа во просек за 13,3 отсто пониски од 2023 година.

Тие се намалуваат втора година по ред, по рекордното ниво во 2022 година, забележува ФАО.

Растителните масла поевтинија во декември за 0,5 отсто во однос на ноември.

Споредено со крајот на 2023 година поскапеле за 33,5 отсто.

Во цела 2024 година нивните цени биле во просек за 9,4 отсто повисоки од 2023 година поради намалената понуда, објаснуваат од ФАО.

Loading...

Месото на крајот на минатата година беше исклучок со месечен раст на цената од скромни 0,4 отсто. На годишно ниво неговите цени се зголемени за 7,1 отсто.