Во четврток се очекува ледениот бран со снег и температури под -20 степени

Сподели со своите пријатели

Умерено до значително облачно понекаде со слаб претежно северен ветер беше времето утринава ширум земјата. Слаб дожд врне во Крива Паланка и Претор, а слаб снег во 7 часот врне во Пожаране, Лазарополе, Штип, Берово и Маврово, информираат оод Управата за хидрометеоролошки работи.

Претпладне ќе има услови за појава на слаб снег во западните и северните делови, преку денот ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 9° С.

Во Куманово и онолината денес ќе имаме сончево до умерено облачно врмее. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 3 степени, а во текот на ноќта исто толку во негатива, кога се очекува зголемување на облачноста и врнежи од снег.

Значителна промена на времето ќе има од четврток кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm. До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси.

Од петок температурите значително ќе опаднат. За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено. Во Беровско температурата ќе се спушти и до – 20°С.