Во четврток конститутивна седница на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Во четврток со почеток од 12 часот во кружната сала на поранешен Комитет, ќе заседава новиот состав на Советот на Општина Куманово кој ќе ја одржи својата прва конститутивна седница.

Вкупно пет точки ќе се најдат на констиутивната седница, а првата е избор на претседател и членови на Верификационата комисија за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово, по што ќе следува и верификацијата.

Како трета точка на дневниот ред ќе биде иборот на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово, по што ќе следува и ќе биде изборот на претседател на советот.

Предлог-Решение за определување на членови на Советот на Општината Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово ќе биде последната петта по ред точка на дневниот ред.

Во сабота се очекува да се одржи веќе втората, овој пат Свечена седница по повод Денот на градот.