Во четврток и петок третирање против крлежи во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

На ден 20 и 21 април, односно во четврток и петок ќе се изврши првото третирање против крлежи годинава на територијата на Општина Куманово, како мерка за заштита и спречување од ширење на заразни болести.

Сите третирани површини ќе бидат обележани. Не се препорачува подолг престој на истите како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршениот третман, стои во соопштението од Општина Куманово.