Дневниот број на заразени со Ковид-19 во Чешка е близу 10.000, за прв пат од март, според податоците на Министерството за здравство во средата.
Земјата регистрираше 9.902 новозаразени во вторникот, од 6.284 истиот ден пред една недела.
Бројот на хоспитализирани достигна повеќе од 2.000 за прв пат од мај, вклучувајќи 288 лица на интензивна нега. Оваа земја, како и другите во Централна Европа, доживеа нов скок во случаите на Ковид-19.
Целта е да избегне удар врз болниците како што беше во претходните посилни бранови на пандемијата со зголемување на стапката на вакцинација, која е над останатите во регионот, но заостанува зад просекот на Европската унија.
До вторник, 6,095 милиони луѓе во земјата со 10,7 милиони жители биле целосно вакцинирани.