Во бурата во САД две лица загинаа, над милион домаќинства без струја

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа, илјадници американски летови беа откажани или одложени, а повеќе од 1,1 милион домаќинства и бизниси останаа без струја вчера во силно невреме придружено со град и грмотевици што помина низ источниот дел на САД.

Loading...

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо за пошироката област околу главниот град на САД Вашингтон, кое траеше до 21 часот по локално време вчера (3 часот наутро во вторник по средноевропско време).

Предупредувањето беше за ветрови од урагански сили, со потенцијал за град и торнада.

Невремето се прошири на големо подрачје на истокот на САД, а предупредувања за можно торнадо беа издадени во 10 американски држави од Тенеси до Њујорк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се огласи Кремљ по најавите за употреба на американско оружје за напади на руска територија

Националната метеоролошка служба соопшти дека повеќе од 29,5 милиони луѓе биле под предупредување за торнадо вчера попладне.

Во Андерсон, Јужна Каролина, 15-годишно момче загинало кога дрво паднало врз него додека излегувало од својот автомобил, соопштија локалните власти.

Во сојузната држава Алабама, 28-годишен маж бил погоден од гром и починал, јави локалната телевизија.

Од синоќа, повеќе од 2.600 летови во САД беа откажани, а речиси 7.900 беа одложени, според службата за следење летови FlightAware.

Loading...

Многу откажувања има на меѓународниот аеродром во Атланта, кој се опоравува од прекините предизвикани од невремето во неделата.

Федералната управа за авијација соопшти дека ги пренасочува авионите кои се упатиле кон источниот брег на САД за да се избегнат бурите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: САД и ЕУ не бегаат од ширење на украинскиот конфликт во целиот свет

Од вчера вечер, повеќе од 1,1 милион корисници останаа без струја во државите Алабама, Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина, Мериленд, Делавер, Њу Џерси, Пенсилванија, Тенеси, Западна Вирџинија и Вирџинија, сите држави на патот на бура, според порталот кој известува за прекини на струја.

Управата за јавни комунални услуги во Ноксвил, Тенеси соопшти дека штетата е голема во таа држава и најверојатно ќе бидат потребни неколку дена за да се поправи.

Во многу земји беа урнати дрвја и далноводи, објавија медиумите.