Во Британија ограничувања во водоснабдувањето поради суша

Сподели со своите пријатели

Британската водоводна компанија „Јоркшир Вотер“ денеска соопшти дека од 26 август ќе воведе одредени ограничувања, со образложение дека во делови од регионот на северна Англија имало најмалку врнежи откако почнале да се бележат пред повеќе од 130 години, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Екстремно топлото и суво време предизвика исчезнување на реките во Јоркшир, а нашите акумулации се за околу 20 отсто пониски отколку што би очекувале за овој период од годината“, соопшти компанијата, пренесе Танјуг.

Неколку други водостопанства веќе најавија рестрикции за користење на водата.

Забраната за црева и прскалки за корисниците на South East Voter стапува на сила денеска, а Thames Voter, која снабдува 15 милиони луѓе низ Лондон, рече дека планира и ограничувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандија ќе бара изземање од миграциските правила на ЕУ за да ја спроведе својата политика

Претходно оваа недела, британскиот министер за животна средина Џорџ Џастис ги повика водоводните компании да преземат мерки на претпазливост за да ги заштитат резервите на вода и да се справат со ефектите од продолжената суша, бидејќи се предвидува нов топлотен бран низ целата земја, според Ројтерс.