Во Британија над 200.000 луѓе починале од Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 200.000 луѓе починале како резултат на Ковид-19 во Британија од почетокот на епидемијата, што ја прави една од земјите со најголем број смртни случаи во Европа.

Loading...

Имаше 200.247 смртни случаи како резултат на Ковид-19 низ Велика Британија од почетокот на епидемијата, а 294 луѓе починаа минатата недела, според Канцеларијата за национална статистика, пишува Гардијан.

До јануари 2021 година, 100.000 луѓе починале како последица на Ковид, а за нешто повеќе од една и пол година бројот на починати се удвоил, пренесува Танјуг.

Без вакцинација, подобро разбирање за тоа како да се третира вирусот и мерките за социјално дистанцирање, тој број би бил многу поголем, според Гардијан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: Следните два месеци ќе бидат најопасните во последните децении

Стапката на смртност во Британија е 2.689 на милион луѓе и е повисока отколку во Шпанија, каде што е 2.295, Франција 2.230 и Германија 1.704, покажуваат податоците на веб-страницата Our World In Data од 12 јули оваа година, според британскиот весник.

Анализата на податоците за Англија и Велс покажува дека во првиот бран на епидемијата 91 процент од луѓето починале директно како последица на Ковид, а откако омикрон стана доминантна варијанта, тој број падна на 68 проценти.

Во последните недели, поради слабеењето на вирусот и успешното вакцинирање, процентот на лица кои директно починале од Ковид е 60 отсто, пишува „Гардијан“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продемократски активисти во Хонг Конг осудени за субверзија, казни и до 10 години затвор