Во Брисел денеска самит ЕУ – Западен Балкан

Сподели со своите пријатели

Самитот Европска Унија – Западен Балкан, чиј фокус ќе биде натамошното зближување на двете страни, како и одредени спорни прашања, ќе се одржи денеска во Брисел.

Loading...

Советот на ЕУ вчера објави дека главни теми на разговор ќе бидат продлабочувањето на политичкиот ангажман со Западен Балкан, приближувањето на партнерите од тој регион до Унијата и подобрувањето на нејзината постепена интеграција, градењето економски основи за иднината и ублажувањето на влијанието на руската агресивна војна против Украина, како и зајакнување на безбедноста и градење отпор.

Самитот, кој се одржува во пресрет на дводневниот состанок на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел, е можност да се потврди перспективата за членство на Западен Балкан во Унијата, како и потребата за одржливи и неповратни реформски достигнувања на шесторката од Западен Балкан, засновани на вредностите и принципите на Унијата, соопшти Советот на ЕУ.

Како што јави Радио-телевизијата на Србија (РТС), главни теми на самитот ќе бидат нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, усогласеноста со надворешната политика на ЕУ и новиот план за економски раст на регионот, вреден шест милијарди евра.

Заедно со лидерите на ЕУ и нејзините 27 земји-членки, премиерите на Србија, Македонија и Албанија, Ана Брнабиќ, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателите на Црна Гора и Косово, Јаков Милатовиќ и Вјоса Османи и претседавачот со на самитот ќе учествува и претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.

На крајот на самитот се очекува лидерите да усвојат заедничка декларација со која треба да се потврди перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ и посветеноста на земјите од регионот на реформите и вредностите на Европската унија.

Како што јави РТС, во нацрт-декларацијата се наведува дека ЕУ очекува од Белград и Приштина конструктивен ангажман во дијалогот и брз напредок во нормализацијата на односите, што се опишува како „клуч за безбедноста на целиот регион“.

„Ги повикуваме партнерите целосно да го имплементираат Договорот за патот кон нормализација (меѓу Косово и Србија) без одлагање или предуслови. Очекуваме да продолжат со напорите за деескалација на ситуацијата и да се воздржат од еднострани дејствија кои можат да предизвикаат нови тензии и насилство“, се наведува во нацрт-декларацијата.

Loading...

Во декларацијата се споменува и почитување на надворешната политика на Унијата, односно пристапување кон санкциите наметнати на Русија, со оценка дека „да се биде со ЕУ во контекст на руската агресија врз Украина е јасен знак за стратешка ориентација, денес поважна од кога било“.

„ЕУ ги пофалува партнерите од Западен Балкан кои веќе покажуваат стратешка посветеност со целосно усогласување со нејзината надворешна и безбедносна политика и ги охрабрува оние кои не го сториле тоа да го следат нивниот пример“, се вели во нацрт-декларацијата, пишува порталот Политико.

Субјектите од Западен Балкан, додава Политико, исто така се повикани да ја зајакнат сајбер безбедноста, меѓу другото со обезбедување на безбедно распоредување на 5G мрежите, истовремено исклучувајќи или ограничувајќи ја употребата на опрема од кинеските компании Huawei и ZTE.

Тоа може да биде проблематично за Србија, истакнува Политико, бидејќи кинеската компанија Хуавеи отвори Центар за иновации и дигитален развој во Белград и потпиша договор со државната компанија Телеком Србија за модернизација на фиксната мрежа.

Самитот ќе биде можност да се разговара за координирани активности поврзани со безбедносните прашања, кои станаа уште порелевантни во контекст на руската агресија врз Украина, која вклучува борба против манипулациите со информации и зајакнување на колективната сајбер безбедност, соопшти Советот на ЕУ.

Се очекува една од темите на средбата да биде можната грчка блокада на евроинтеграциите на Албанија поради спорот за Фреди Белери, етнички Грк кој беше избран за претседател на албанската општина Химара, но не ја презеде функцијата откако беше уапсен под обвинение дека купувал гласови.

Грчките власти упорно бараат од Албанија Белери, кој има двојно државјанство, да положи заклетва како градоначалник на Химара, град со 5.000 жители во јужна Албанија со грчко малцинство.

Албанскиот премиер Рама пред неколку дена изјави дека ставот на Тирана во случајот Белери нема да се менува ниту пред, ниту по самитот на 13 декември.

Loading...

Претходниот самит на лидерите на ЕУ и Западен Балкан се одржа во Тирана во декември 2022 година.

Тоа беше првиот самит ЕУ-Западен Балкан одржан во тој регион.