Осомничениот Амарилдо да Коста де Оливеира (41) призна дека ги убил британскиот новинар Дом Филипс и експертот за домородци на Амазон Бруно Переира, кои се водат за исчезнати од 5 јуни.
Тој ги однел припадниците на бразилската федерална полиција на местото каде што ги закопал телата, пренесува Бета.
Телата се пронајдени, но сè уште не се официјално идентификувани, а осомничениот познат по прекарот Пеладо и рекол на полицијата дека застрелал двајца мажи со огнено оружје.
Бродот на убиениот се уште не е пронајден. Се смета дека Пеладо делото не го извршил сам и полицијата најавила нови апсења.
Переира (41) и Филипс (57) последен пат биле видени на нивниот брод на реката во близина на влезот на територијата на домородното население на долината Јавари, која граничи со Перу и Колумбија.
Мотивот за убиството
Семејството на Пелад тврди дека тој е невин и дека полицијата го мачи за да добие признание.
Можниот мотив за убиството е конфликтот за нелегален риболов во долината Јавари, каде што можат да ловат само домородците.
Пленот во оваа област е најголемата слатководна риба во светот со крлушки, арапаима. Тежи до 200 килограми, а може да биде долг и до три метри.
Рибата се продава во околните градови, вклучувајќи ги Летиција во Колумбија, Табинг во Бразил и Икитос во Перу.
Переира, кој претходно го водеше локалното биро на бразилската влада за домородните служби, беше вклучен во неколку операции против нелегалниот риболов.
Во таквите операции се одзема или уништува риболовниот алат, додека рибарите се казнуваат.