Во Белград нападнати студенти кои ги блокираа факултетите, шестмина во Итна помош (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Седум студенти, кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет во Белград, се повредени во три инциденти предизвикани од непознати лица, објавено е на Инстаграм профилот „Студенти у блокади“, пренесе Н1.

Loading...

Како што изјавија, напаѓачите фрлале стаклени и пластични шишиња кон студентите.

Студентка била турната по скалите и паднала на глава, а потоа заедно со уште пет студенти на Правниот факултет со возило на Брза помош била пренесена во болница за да ѝ биде укажана прва помош“, напишале студентите.

По инцидентот непознати лица ги отстраниле доказите

По инцидентот непознати лица пристигнале со возила за да отстранат докази од Правниот факултет, велат студентите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Русија побара итни консултации со Србија за санкциите за НИС

Како што соопштија за Фонет од Итната помош, студентите се здобиле со полесни повреди.

„Според она што го видовме, во делот на работата што ја работиме, тие не се значително повредени. Немаа видливи повреди. Ги имаше вкупно седум“, изјави дежурниот лекар од Итна медицинска помош.

Студентите бараат лицата кои ги нападнаа нивните колеги да бидат пронајдени, идентификувани и кривично гонети.

Од видеото објавено на истиот Инстаграм профил се гледа дека полицијата уапсила едно лице осомничено дека учествувало во нападот врз студентите.

Loading...

„Според информациите што во моментов ги имаме од сведоци, уапсено е само едно лице од наводните шестмина кои учествуваа во вечерашниот напад врз студенти“, напишаа студентите во блокадата на Х.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проневера на бугарските железници од над 94 милиони евра, обвинение за четири лица

 

 

За какви блокади станува збор?

Потсетиме дека во Србија, студентите блокираа повеќе од 60 факултети на четири државни универзитети, барајќи одговорност за несреќата во Нови Сад, каде на 1 ноември 2024 година се урна настрешница на Железничката станица, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Протестите имаат за цел објавување на целосна документација за реконструкција на станицата, идентификација и гонење на напаѓачите на демонстрантите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проневера на бугарските железници од над 94 милиони евра, обвинение за четири лица