Во Азија годишно се јадат 30 милиони кучиња

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 30 милиони кучиња годишно за убиваат за човечка потрошувачка во Азија, од што 70 отсто се украдени, рекол денеска основачот на Азискиот пријателски сојуз на животни Генлин пенг.

Loading...

– Меѓу 30 милиони кучиња, пет милиони во Кина, седум милиони во Јужна Кореја и пет милиони во Виетнам, пренесува Кјодо.

Иако голем дел од Јапонците не јадат кучиња, во Јапонија има над 100 ресторани или продавници во кои се продава увезено месо од кучиња, претжено за странски потрошувачи.

Статистиката која ја составил Светскиот сојуз за кучиња, која ја основал Пенг, покажала дека Јапонија увезува дури 450 тони кучешко месо во периодот од 2002 до 2016 година, што е еквивалентно на 100.000 кучиња.

Законодавството на Тајван, остров кој Кина го смета за своја територија, во април 2017 година донел законски измени со кои се забранува консумација на месо од кучиња и мачки и ги крена максималните казни за злоставување животни.

Измената е донесена два месеци по забрана за еутаназија на животни скитници.

Успешното законодавство на Тајван и САД дало голем потик на Пекинг за потик во неговата глобална кампања за забрана на трогијата за месо од кучиња.

Leave a Reply