Во Австрија вакцинирани со погрешни ковид вакцини

Сподели со своите пријатели

Неточна етикета на картон во Австрија предизвикала збунетост кај лекарите, поради што се дадени погрешни дози на вакцини против коронавирусот.

Loading...

Во пакетот вакцини Фајзер стоело дека се вакцини прилагодени на новиот сој BA.4 и BA.5, но станува збор за дози за „стариот“ сој BA.1, пренесува јавниот сервис ORF.

Колку такви дози моментално се нејасни, а погодени се граѓаните во провинцијата Долна Австрија.

Лекарската комора на Долна Австрија проценува дека биле погодени најмногу 60 лица.

Грешката била направена кај една веледрогерија, а била откриена во петокот, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  39 години е во затвор за брутално убиство во Британија. Сега би можел да бидеш слободен.