Во Австрија рекорден број противници на членството во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Војната, инфлацијата и падот на довербата во политиката влијаат и на односот на Австријците кон членството во ЕУ, покажува истражувањето на Австриското друштво за европска политика (OeGfE), според кое бројот на оние кои се за напуштање на Унијата е на рекордно ниво.

Loading...

– Сѐ уште има мнозинство за членство во ЕУ, но се зголемува бројот на оние кои се за напуштање на членството – предупредува генералниот секретар на OeGfE Пол Шмит.

Според истражувањето на тоа општество, две третини, односно 64 отсто од Австријците сметаат дека Австрија треба да остане во ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  39 години е во затвор за брутално убиство во Британија. Сега би можел да бидеш слободен.

Од друга страна, 27 отсто веќе се за повлекување од членството, со што нивниот број е најголем во последните шест години.

– Од почетокот на корона кризата се зголемува бројот на оние кои се за повлекување од членството. Непосредно пред избувнувањето на пандемијата во декември 2019 година, нивниот број беше на осум проценти, најниско ниво и оттогаш постепено расте. Во истиот период бројот на поддржувачи на членството во ЕУ е намален од 75 отсто, односно за 11 отсто – објасни Шмит.

Од влезот на Австрија во ЕУ во 1995 година, OeGfE има спроведено 66 студии на оваа тема. Во сите тие анкети секогаш имало мнозинство поддржувачи на членството, во просек нивниот број бил околу 70 проценти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ: Не сакаме руски енергенси дури ни кога ќе биде потпишан мировниот договор

Најниска поддршка за членство во ЕУ е забележана во јули 2008 година со 59 отсто, а најголема во ноември 1999 година со 82 отсто.