Во Австрија разбиена радикална исламистичка група

Сподели со своите пријатели

Во Линц, Австрија, разбиена е радикална исламистичка група од десет члена, пишува Kroativ.at.

Loading...

Имено, девет мажи и една жена на возраст од 15 до 23 години наводно биле вмешани во терористичката организација „Исламска држава“.

Во соопштението за печатот на австриската управа за државна безбедност и разузнавачки работи (ДСН), пишува дека осомничените воделе кампања за терористички групи и наводно поставиле посебна просторија за молитва која би била украсена со знамето на ИД.

Осомничените се од Австрија, Турција, Ирак, Руската Федерација и Хрватска.

По нив се води истрага поради сомнение за кривично дело криминална и терористичка организација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанес: Промената на Трамп во климатската политика би била од корист за нас