Во Австрија драстично се зголемува бројот на новозаразени со коронавирус и во последните 24 часа се регистрирани 15.149 нови случаи, што е бројка што последен пат беше забележана на почетокот на април.
Во средата, пред една недела, беа регистрирани нешто повеќе од 12.000 нови случаи на инфекција со коронавирус.
Во последните 24 часа починаа девет лица заразени со корона, пренесува Танјуг.
Се зголемува и бројот на хоспитализации на заболени од Ковид, а во однос на вчерашниот ден е зголемен за 18 на „обичните“ одделенија и за 10 на интензивна нега, каде во моментов за живот се борат 66 лица.
Главен фокус е Виена со 3.953 новозаразени лица, а по неа е Долна Австрија со 3.083.
Меѓу новозаразените во последните 24 часа е и министерката за правда на Австрија, со босанско потекло, Алма Задиќ.
Таа била позитивна на коронавирус и е во домашна изолација, од каде, како што е соопштено, продолжува со својата работа.