Во Австралија угинаа 16 коали, причината непозната (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Органот одговорен за зачувување на дивиот свет во австралиската држава Викторија започна истрага откако на 14 јуни на плантажата беа пронајдени 14 тела на коали.

Loading...

Оттогаш, пронајдени се уште три тела на коали во различни фази на распаѓање, од две недели до 12 месеци, соопшти регулаторното тело, пренесе Гардијан.

Надлежниот орган изјави дека го известил раководството на плантажата каде што живеел овој заштитен вид за угинувањето на коалата.

Резултатите од некропсијата сѐ уште не ја утврдиле причината за смртта на коалата.

Рендгенските снимки не утврдиле дека има повреди, ниту дека има скршени коски во телото.

Утврдено е и дека нема докази дека биле погодени од огнено оружје.

Судскиот лекар ќе продолжи да истражува низа потенцијални причини, но отсуството на повреди, во комбинација со резултатите од патологијата, укажува дека смртта можела да биде предизвикана од „фактори на животната средина“.

„Одиме до крај како дел од оваа истрага за да утврдиме што се случило со коалите“, рече директорот на управата Ешли Банс.

Loading...