Во „ауди“ шверцувал осум мигранти низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишник бил приведен вчеравечер во близина на кумановското село Табановце при обид да шверцува мигранти од Сирија.

Loading...

– На 13.11.2024 околу 19.35 часот на автопатот Табановце – Куманово, во близина на с.Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода К.Н.(27) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, на наведеното место, полициски службеници  сопреле возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегол К.Н. со осум лица мигранти од Сирија и се обидел да избега, но набргу бил фатен и лишен од слобода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Доаѓа првиот снег!

– К.Н. и возилото биле задржани во полициска станица, а по наредба на јавен обвинител, мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во Транзитниот центар Табановце, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски