Во Аргентина 19 офицери осудени за злосторства против човештвото

Сподели со своите пријатели

Аргентинскиот суд денеска осуди 19 поранешни воени офицери на затворски казни за злосторства против човештвото извршени за време на бруталната воена диктатура во земјата во 1970-тите и 1980-тите.

Loading...

Меѓу осудените е и поранешниот генерал Сантијаго Риверос, претходно осуден за кршење на човековите права, кој беше осуден на доживотен затвор откако беше прогласен за виновен за повеќе од сто кривични дела, меѓу кои киднапирања, силувања и убиства, според денешната пресуда, пренесува Ројтерс.

Казните што ги изрече федералниот суд во главниот град на Аргентина се однесуваат на киднапирање на возрасни и деца, убиства и мачење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Австрија: Мајка со нож го убила четиригодишниот син

Злосторствата биле извршени за време на воениот режим кој владеел со земјата помеѓу 1976 и 1983 година, а според Ројтерс имало околу 350 жртви.

Групите за човекови права тврдат дека за време на диктатурата исчезнале 30.000 луѓе, но точниот број на исчезнатите сè уште не е утврден.

Офицерите беа осудени и затоа што од 1976 година им наредиле на војниците да киднапираат работници на компанијата Мерцедес Бенц во предградијата на Буенос Аирес, кои беа обвинети од нивните менаџери дека се членови на синдикатот и дека сакале да организираат штрајк на вработените.

Според пресудата, вкупно седум работници биле киднапирани и однесени во злогласниот воен комплекс Кампо де Мајо, таен објект кој функционирал како концентрационен логор, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка доби нова влада

Смртта на еден од нив е потврдена, а шестмина и денеска се водат како исчезнати, иако се претпоставува дека сите починале.

Loading...

Се проценува дека речиси 6.000 затвореници поминале низ Кампо де Мајо, кој се наоѓа недалеку од Буенос Аирес, а многу од нив се водат како исчезнати, наведува британската агенција.