Во Амазон откриена електрична јагула која генерира неверојатен напон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Два нови видови електрична јагула се пронајдени во водите на Амазон, од кои едниот, наречен „Electropharus voltai“, е во состојба да генерира електричен напон со рекордни 860 волти.

Loading...

Откриени се нови видови преку ДНК истражување, а за научниците ова откритие е уште еден доказ за разновидноста на дивиот свет на амазонската дождовна шума.

Откритието е исто така индикација за важноста на заштитата на ова живеалиште од уништување на шумите, односно сеча и уништување на дрвја и пожари.

Дејвид де Сантана, зоолог во музејот за природна историја Смитсонијан, верува дека и покрај човековата активност во Амазон, можеме да очекуваме повеќе откритија на големи риби, како што се два новооткриени видови електрична јагула.

Постојат три вида на електрични јагули: „Electrophaurs electrius“, „Electropharus voltai“ и „Elecetropharus variiпренесува“ британскиот „Гардијан“.

Венсикот потсетува дека електричната јагула била главната инспирација за изградба на првата електрична батерија.

Leave a Reply