Теоретичарите на заговори тврдат дека оваа година ќе го доживееме крајот на светот. Основачот на страницата „Signs of End Times“, инаку христијански фундаменталист, тврди дека има докази и во Библијата дека 2017 година ќе го донесе крајот на светот.
Бројни природни катастрофи, како потреси, клучен се доказ дека се ближи апокалипсата. Велат дека доказот за тоа е и значаен пад на лилјаци, рибите и пчелите кои изумираат.
Никогаш немало толку многу докази на толку различни места со толку зачестеност и интензитет – оценуваат теоретирачите на заговори. Нашата генерација е прва која ги исполнува библиските знаци. Без сомнеж, ја живееме последната година – тврдат теоретичарите.
Администраторот на страницата истакнува дека само од почетокот на 2017 година на Земјата биле забележани над 4.000 потреси.
Бог ни дава многу предупредувања преку овие настани. Нема да имаме изговор, ако тој ден, кога Христос се врати, бидеме изненадени и неподготвени – вели тој.
Но, не сите сметаат дека крајот ан светот е близу. Карл Олсон, уредник на католичниот портал „Catholic World Report“ смета дека тоа се смао шпекулации.
Поставувањето датуми не е опција. Можат да поминат многу векови и милениуми додека Христос повторно се појави, а може да биде и многу бргу – додава Олсон.