Џекпот од 451 милиони долари, четрврти според големината во истојата на американската лотарија „Мегамилион“ извлече 20-годишниот Шејн Мислер, контролот „во пензија“ од Флорида, повтрдуваат од американската лотарија.
Младито добитник од градот Порт Ричи на Флорида е единствениот кој имал добитна комбинација од броевите, а се определил одеднаш да ја земе сумата од 281,2 милиони долари.
Добитниците на лотаријата во САД имаат можност да бираат дали сакаат исплатата да биде сега во еден дел, а остатокот во рати низ годините или пак исплатата ја сакаат одеднаш, во тој случај износот е помал.
– Имам намера да се погрижам за своето семејство, попат да се забавам и да втемелам пат за финансиски успех, за да можат зад себе да оставам наследство далеку во иднината, рекол Мислер истакнувајќи дека отсекогаш ја охрабрувал идејата за соништата и неговото патување допрва почнува.


