Мајката ги киднапирала своите две ќерки пред повеќе од 30 години и ги однела во непознатото, што е можно подалеку од сопругот кој ја претепал.
Три децении подоцна, оваа приказна го добива својот епилог.
Имено, на 26 август 1985 година, тогаш 37-годишната Елејн Јејтс, со своите две ќерки, 4-годишната Кимберли и 10-месечната Кели, исчезнала за време на борбата за старателство со нејзиниот поранешен сопруг.
Елејн го затекнала својот сопруг Расел Јејтс во неверство, кога започнала расправија во која тој ја претепал и таа исчезнала со ќерките од нивниот дом на Род Ајленд во САД.
Во следните 30 години, Расел неуспешно се обидувал да открие каде се неговите ќерки. До неодамна.
Мајката сега се соочува со обвинение за киднапирање што и се заканува со 20 години затвор.
Read a 1988 @projo piece on Russell Yates: Man searching for wife and daughters has many questions, a few regrets https://t.co/3oykDdPuOR pic.twitter.com/dl4E31c1mo
— maria caporizzo (@mariacap) January 17, 2017
Имено, по тридецениска истрага, полицијата сфатила дека Елејн Јејтс некогаш живеела под нов идентитет како Лијана Волдберг со своите ќерки во Тексас. Тие направиле компјутерски фотографии на децата како денес, а врз основа на тие генерички фотографии, објавени на социјалните мрежи, им се влегло во трага.
#USA Mother Charged for Allegedly Abducting Daughters in 1985: Elaine Yates was found living in Houston under… https://t.co/RqetgvyvQa #News pic.twitter.com/ZauWB66eXx
— USA News (@1USNews) January 18, 2017
Таа била пронајдена во нејзиниот нов дом во Хјустон, оддалечена 3.000 милји. Ќерките, сега 35 и 32, живеат во брак со своите нови семејства. Нивниот нов идентитет не е објавен.
Мајката сега се соочува со обвинение за киднапирање што и се заканува со 20 години затвор. Полицијата соопшти дека Елејн не се спротивставила на апсењето и дека раскажала сè.
Јејтс била уапсена во понеделникот и чека екстрадиција од Тексас на Островот Род. Ќерките, без оглед на нивната мајка, биле испрашувани од полицијата и го добиле телефонскиот број на татко им.
Засега е непознато дали тие знаеле за нивниот претходен идентитет. Расел Јејтс исто така бил информиран за сè.
„Отсекогаш сум се обидувал да ги најдам моите деца и конечно можам да ги контактирам“, рекол Расел.
Тој додаде дека сака да ја знае целата вистина и повторно да контактира со своите ќерки, но дека не му е грижа што жената е кривично одговорна. „Нема да ја олесни ситуацијата за мене или за никого“, рече тој.
Расел не негира дека ја претепал сопругата за време на кавгата, не негира дека бил фатен како ја изневерува, но тврди дека таа прва го удрила. Мајката и нејзините ќерки исчезнале три недели по инцидентот, додека таткото бил на работа. Наводно, нејзината мајка не знаела ниту каде се нејзините ќерка и внуци.
Расел и Елејн се забавувале уште од средно училиште, а 16 години подоцна имале деца.
Тој признава дека бил лош сопруг, но добар татко, како и дека сака слобода и жали за сè што направил и дека никогаш повеќе нема да го стори тоа.
– Само се надевам дека децата ќе ме контактираат. Ги барав 30 години – заклучи тој.