Во рамките на 7-то коло од домашната кошаркарска Супер лига денеска во 17 часот на домашен терен, кошаркарите на Куманово го пречекуваат составот на Работнички.
Шансите Куманово да влезе во плеј-офот сезоната се минимални со оглед на последното место во табелата со една победа која ја реализираа на мечот против Кожув и пет последователни порази. Но, избраниците на Марјан Србиновски ќе дадат се од себе да го одиграат мечот со позитивен резултат, а ги повикаа сите љубители на кошарката да им ја пружат поддршката од трибините.
Сепак, голем акцент во тренинзите и подготовките се става на БИБЛ финалето, кое во вторник ќе се одигра на домашен терен, каде сино-белите ќе треба да бркаат разлика од 29 поени доколку сакаат пехарот да остане во Куманово.
Loading...