Во 15:00 почнува третата рунда преговори меѓу Украина и Русија

Сподели со своите пријатели

Делегациите на Украина и Русија досега имаа два рунди разговори откако Русија започна голема инвазија на Украина на 24 февруари.

Третата рунда преговори треба да се одржи денеска во 16 часот по киевско време, а според нашето во 15 часот, на Твитер објави советникот на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Михаило Подољак.

 

Русија ја прогласи Македонија за непријателска држава – на листата над 20 земји

 

Последен пат двете делегации се сретнаа во регионот Брест во западна Белорусија.

Во вториот круг од мировните преговори, Киев и Москва се договорија да воспостават хуманитарни коридори во Мариупол и Волноваха за да се олесни евакуацијата на цивилите, но во саботата не беше извршена евакуација.

 

Украина ги отфрли коридорите кон Русија и Белорусија

 

Руските сили продолжија да го гранатираат украинскиот град Мариупол и планираната масовна евакуација на цивили ја претворија во хаос.