Внуката на принцезата Дајана, Лејди Кити Спенсер се омажи за мултимилионерот Мајкл Луис на раскошна церемонија во Италија.
Прославената 30-годишна манекенка и нејзиниот 32 години постар избраник разменија завети во Вила Алдобрандини во Фраскати, и тоа е зачудувачки кастел-замок со прекрасен поглед на Рим.
Патем, овој тајкун од Јужна Африка е дури пет години постар од таткото на неговата избраничка. Сепак, разликата во возраста очигледно не им претставува проблем – тие се практично неразделни и никогаш немало шпекулации за нивната врска.
Убавата русокоса блескаше во венчаница од тантела, инспирирана од викторијанската ера со висок јака, истакнат струк и издувани ракави, а целиот изглед го комплетираше огромен гламурозен превез.
Лејди Кити никогаш не зборувала јавно за нејзиниот невенчан сопруг, а парот прв пат беше виден во август 2019 година во одморалиштето Сен Тропе.
Да потсетиме, сега веќе г-ѓа Луис се занимава со моделинг и студираше историја на уметност и италијански јазик во Фиренца. Таа е активна и во областа на социјалниот активизам и хуманитарната работа – Кити е дел од британската иницијатива која собира пари за бездомниците и децата на кои им е потребно лекување.
Инаку, Мајкл Луис веќе има еден брак зад себе, со три возрасни деца.