Неверојатна приказна доаѓа од Инвернес, Шкотска, која предизвикува морници дури и кај луѓето кои не се плашат од пчели.
Се започнало кога неговите внуци почнале да му се жалат на сопственикот на куќата, дека не можат да спијат навечер поради необичното зуење.
Човекот го повикал пчеларот Ендру Кард од Лох Нес, кој го извадил гипс картонот од таванот и нашол страшна глетка.
Пред негови очи стоела огромна колонија со 180.000 пчели, а тие веројатно со години се „гнездиле“ во оваа зграда, пренесува NDTV.
Кард го објави видеото на Инстаграм и ќе признаеме дека изгледа прилично страшно, особено кога ќе сфатите дека е снимено во нечија спална соба!
Пчеларот пронашол три посебни колонии, а смета дека првата е стара најмалку седум години.
„Ги лоцирав со помош на термална камера, но не очекував дека ќе бидат толку големи. Можно е пчелите да ја избрале оваа локација поради рамниот покрив и недостатокот на изолација“, рече тој.
Тој внимателно ги отстранил пчелите, користејќи специјална „правосмукалка“ и ги префрлил во привремени кошница.
Доколку заедницата продолжи да функционира нормално, во наредните години ќе се користи за производство на мед.
View this post on Instagram