Внимавајте што зборувате, и правосмукалките имаат уши!

Сподели со своите пријатели

Кога се појавија паметните правосмукалки на пазарот, тие беа револуционерни. На многумина веднаш им се допадна идејата некој да работи домашни работи за вас.На почетокот, тие не беа премногу паметни или ефикасни, но денес ситуацијата е поинаква.

Loading...

Повеќето модели се поврзуваат на интернет, можете да управувате со нив користејќи ја апликацијата од вашиот телефон, да ги скенирате просториите и да знаете точно што, каде и кога да исчистите, пренесува порталот Зимо.

Сепак, целата оваа дополнителна технологија ги прави поранливи на сајбер напади.

 

 

Истражувањето на Универзитетот во Мериленд покажа дека роботските правосмукалки се проблематични.

Истражувачите собрале податоци од ласерскиот систем за навигација на правосмукалката (тој е системот што им кажува каде се наоѓаат во просторијата и ги спречува да кршат и да удираат предмети низ собата).

Loading...

Тие ги анализирале податоците и успеале, со помош на неколку различни техники, да добијат снимка од разговор и ТВ-програма што се одвивал во просторијата каде што работела правосмукалката.

Ова истражување покажа дека секој уред што користи Lidar (навигациска технологија што користи ласер за мерење на различни растојанија околу уредот) може да биде хакиран и да се користи за собирање аудио записи, дури и ако нема микрофон во него.

Значи, вашата роботска правосмукалка може да ве прислушкува без вие дури да бидете свесни за тоа.

 

 

Имено, повеќето од овие паметни правосмукалки ги чуваат мапите на кои се движат во „клауд“, што ги прави ранливи на сајбер напади, а со тоа и вашата безбедност е загрозена.

Исто така, поради фактот што луѓето работат претежно од дома поради целата ситуација, овие правосмукалки можат да станат многу ефикасна алатка, како за индустриска шпионажа, така и за кражба на чувствителни приватни податоци, како што се банкарски податоци.

Loading...

За секој случај, најдобро би било да имате доверливи разговори во простории каде што нема паметни правосмукалки, додава порталот.

Leave a Reply