Внимавајте: Крадците имаат нов метод за крадње на гориво од резервоарот

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Еверет, Вашингтон (САД) предупредува дека крадците имаат нов метод за крадење гориво од автомобилите, ставаат контејнер под резервоарот,прават дупки, а потоа чекаат да истече горивото.

Loading...

Порано најчесто користеле цевки кои ги туркале во резервоарите, но ова е многу побрз и поедноставен метод бидејќи не мора да се грижат за отворање на капакот на резервоарот.

 

 

Сега полицијата им препорачува на сопствениците на возила да ги паркираат во гаражи, но знаете дека не сите имаат исти можности, односно дека не можат да обезбедат покрив над главата за своите атомобили, пишува ХАК Магазин.

Расте бројот на кражби на гориво од резервоари во Америка, а не е тешко да се разбере зошто.

Жителите на Вашингтон плаќаат во просек по 4,54 долари за галон. За споредба, цените се речиси двојно зголемени за само една година – на почетокот на минатата година цената беше 2,50 долари за галон.

Loading...