Такси превозниците во рускиот град Нижниј Тагил ја превземале правдата во свои раце, откако од неодамна оние кои не плаќаат такси, а се возат ги соблекуваат голи (не важи за жени) и ги тераат да се намачкаат со зелена боја по лицето и телото.
Loading...
Шверцерите подоцна ги сликаат, а нивните фотографии ги постираат на социјалните мрежи, често така обоени ги тераат на „срамна прошетка“ низ градот.
- Локалните таксисти на ваков начин се обидуваат да ги обесхрабрат сите кои сакаат од нив да прават будали, односно да им го земаат лебот од раце по одработената смена – велат таксистите.
Полицијата за сега одлучила да не се меша во ова, но ги предупредила таксистите дека ќе интервенираат доколку неплаќачите поднесат тужби.