Мирослав Славковски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е пред победа во Старо Нагоричане според официјалните резултати на Државната изборна комисија.
Од досега обработени 92,11% отсто од гласовите, Славковски води со 50,63 отсто, односно за него гласале 920 граѓани.
Зад него е кандидатот на СДСМ, Далибор Трајковски со 522 гласа, односно 28,73 отсто од гласовите.
Следува Власте Димковиќ од Српска странка со 11,45 отсто и со најмалку гласови е кандидатот на Левица Андреј Димитријевски.
Според сегашните резултати, во Старо Нагоричане изборната трка е завршена во првиот круг.
Никола Ивановски