Барање за ослободување на активистот на ВМРО-ДПМНЕ, 42-годишниот Ф.Ф. кој вчеравечер беше приведен на протестот на Граничниот премин Табановце, денеска упатија членовите на Општинскиот комитет на партијата од пред кумановскиот суд, каде во моментов ел се очекува да му се определи мерка притвор.
Според Марио Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ, нивниот сопартиец бил задржан без правна основа во полициската станица во Куманово.
Пред кумановскиот суд денеска освен триесетина членови на партијата, денеска присуствуваше и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој не сакаше да даде изјави за медиумите, туку само кратко одговарајќи на едно прашање поврзано со конгресот најавен за 23 декември, рече дека партијата веќе се произнела вчера, а денеска за истата тема се очекува партиско соопштение.
– Апелираме и бараме од судот, веднаш да биде ослободено лицето кое е долгогодишен член, активист и виден граѓанин на Куманово. Уште еднаш потенцирам лицето е неправно задржано во полициската станица и нема никакви причини и аргуемтни од оние кои што се изнесуваат во јавноста“-рече на прес конференцијата Марио Цветковски, од ВМРО ДПМНЕ.
Ф.Ф. според информации од полицијата бил приведен откако се обидел да го пробие полицискиот кордон кој ја спречувал толпата да го блокира преминот, а притоа удрил полициски службеник од СВР Куманово.