ВМРО ДПМНЕ предупредуваше дека тргувањето и преговарањето околу највисоките државни и национални интереси носи огромни потенцијални ризици. Од тие причини ВМРО ДПМНЕ укажуваше дека тиранската платформа мора да биде отфрлена и осудена од сите политички чинители, бидејќи ја доведува во опасност иднината на суверена и унитарна Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека револтот кај народот од таа платформа постојано расте и како што велат, заради тоа народот е на нозе и заради тоа Македонија се буди.