ВМРО-ДПМНЕ: Димитриевски е виновен за синоќешнниот скандал во Куманово

Сподели со своите пријатели

Партијата ВМРО-ДПМНЕ има сосема различна верзија од онаа на СДСМ и пратеникот Максим Димитриевски за синоќешниот инцидент во кафеана во Куманово.

Според ВМРО-ДПМНЕ, насилството го извршил Димитриевски „бидејќи не му се допаѓала песна“.

Насилството на криминалците и предавниците од СДС мора да биде санкционирано. СДС се претвори мафијашка структура која веќе нема никакви допирни точки со македонскиот народ. Врв на криминалното и насилничко однесување на злосторничкото здружение околу криминалецот Зоран Заев е вчерашниот срамен физички напад од страна на пратеникот Максим Димитриевски. Насилникот Димитриевски, без никаков повод и причина се дрзнал со тупаници да нападне и да се пресмета со 23 годишно момче само заради тоа што не му се допаднала македонската песна која што била нарачана. СДС гледа дека македонскиот народ ја отфрла Тиранската Платформа и дека нема да дозволи криминалецот Заев да го испорача тоа што го ветил. Тиранска Влада нема да се формира. Затоа народот е на нозе. Затоа Македонија се буди!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ – стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека инцидентот треба да се расчисти до крај, бидејќи СДСМ биле уценети и избезумени. Во меѓувреме за соопштение се јавија од СВР Куманово, меѓутоа не беа расположени да го испратат преку електронска пошта.

 

Loading...