ВЛЕН: Се залагаме за целосно официјализирање на албанскиот јазик

Сподели со своите пријатели

Влен вели дека се залага за целосно официјализирање на албанскиот јазик преку соопштение кое денеска го лиферуваа во јавноста.

Loading...

Нивното соопштение го пренесуваме интегрално:

Вчера во Приштина се одржа заедничката средба на Владата на Северна Македонија и Владата на Косово, на која силно се потврди заложбата за добрососедски односи, соработка и партнерство меѓу нашите две земји.

Оваа средба помина во конструктивна и позитивна атмосфера која донесе конкретни резултати за граѓаните на двете земји. Во овој контекст, потпишавме три важни договори за соработка.

Најзначајно достигнување на оваа средба е несомнено е ставањето на функција на заедничките гранични точки Елез Хан – Блаца и Глобочица – Јажинца. Со овој договор ќе завршат долгите чекања и тешкотии на овие
гранични точки. One Stop Shop границите ќе го олеснат животот на граѓаните и ќе ги зајакнат врските меѓу нашите две братски земји. Ова е историски чекор и опиплив резултат за двете наши општества.

Потпишавме и договори кои го отвораат патот за поголем економски и социјален напредок:

1. Меморандум за соработка во областа на енергетиката, кој има за цел да креира поодржливи и попрофитабилни политики, обезбедувајќи поевтина енергија за граѓаните и бизнисите.

2. Договор за образование, со фокус на стручно оспособување на младите, бидејќи сметаме дека инвестирањето во знаење е стратешка инвестиција за заедничката иднина.

Loading...

Односите меѓу Северна Македонија и Косово секојдневно се интензивираат. Наместо празната реторика од минатото, актуелната власт и Коалицијата ВЛЕН своите ветувања ги претвораат во опипливи конкретни дела за
граѓаните.

Што се однесува до реакциите на опозицијата за изјавата на премиерот Албин Курти за официјална употреба на албанскиот јазик, нашиот став е јасен: премиерот Курти кажа горчлива вистина.

Официјалната употреба на албанскиот јазик останува нерешено прашање поради неговата злоупотреба од старата политика, од тесни криминални мотиви повеќе од две децении. Преку измами и ширење на паника,наводно дека албанскиот јазик е загрозен, стариот режим се обидува да ја избегне одговорноста за нивните злосторства и злоупотреби.

Но, граѓаните повеќе не стануваат плен на овие манипулации. Коалицијата ВЛЕН се залага за целосно официјализирање на албанскиот јазик и отстранување на понижувачката ознака од Уставот, кој го дефинира
како „јазик што го зборуваат 20 отсто од населението“. За нас тоа е прашање на правдата и национално достоинство на кое решително ќе се обратиме“, стои во соопштението.