Влегол во банка и отворил оган врз колегите: Убил пет банкари, а нападот го пренесувал во живо

Сподели со своите пријатели

Вработен во банка во Луисвил во понеделникот на работа уби пет колеги и рани девет други. Целиот напад бил пренесуван во живо на социјалните мрежи.

Локалната полиција соопшти дека самиот напаѓач починал на лице место, но сѐ уште не е јасно дали бил совладан од полицијата или се застрелал.

Станува збор за 23-годишниот Конор Старџен, кој од 2018 година работел во Old National Bank како практикант, а од 2022 година како постојан вработен.

Според доверливи извори од полицијата, напаѓачот требало да биде отпуштен, пишува Ројтерс.

Загинаа Џошуа Барик (40), Диана Екерт (57), Томас Елиот (63), Џулијана Фармер (45) и Џејмс Тут (64), а повредени се и двајца полицајци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се шесте гаранции што САД и ЕУ ѝ ги дадоа на Украина

Еден полицаец и две други жртви се во критична состојба и заедно со останатите се пренесени во болницата на Универзитетот во Луисвил.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, со солзи во попладневното обраќање до медиумите изјави дека познава некои од жртвите, вклучувајќи го и Елиот, постар потпретседател на банката.

„Ме научи како да помогнам во градењето на мојата правна кариера, ми помогна да станам гувернер, ми даде совети како да бидам добар татко. Тој е еден од луѓето со кои најмногу разговарав“, рече Бешеар.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Какви се платите низ земјите од ЕУ? Еве каде се заработува најмногу!

„Ова беше насочено злосторство на злобно насилство“, им рече на новинарите Крег Гринберг, градоначалник на Луисвил, град со 625.000 жители.

 

 

Американскиот претседател Џо Бајден изрази жалење на својот профил на Твитер.

„Уште колку Американци мора да умрат пред републиканците во Конгресот да дејствуваат за да ги заштитат нашите заедници? – праша Бајден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Напад со нож во училиште во Москва: Едно дете убиено, чуварот ранет

 

 

Само оваа година во САД, 146 лица загинаа како жртви на масовни престрелки.