Група Јутјубери се одлучила за невеорјатна авантура, влегле во заборавено воздухопловно пристаниште со желба да видат неколку преостанати вселенски летала од советската ера.
Минале голем пат од Казахстан и скомодромот Баиконур, а потоа го миале надворешното и внатрешното обезбедување и го пуштиле својот дрон.
Loading...
Она што го снимиле внатре, не е нималку разочарувачко, а фотографиите ги постирале на Инстраграм профил под име „Exploring the Unbeaten Path“, како и истоимениот Јутјуб канал.
https://www.instagram.com/p/BV5sqIHDNO-/
Грандизосниот хангар е дом за два шатли од програмот „Буран“, односно проектот наменет за развој на руските вселенски повеќенаменски летала. Спориот колапс на Советскиот Сојуз го попречил проектот, кој на крајот Русија го суспендирала во 1993 година по една неуспешна мисија.
Како тоа да не е доволно, еден од преостанатите Буран прототипови е оштетен откако хангарот бил оштетен од бура во 2002 година. Меѓутоа, уште еден прототип и натаму постои во Техничкиот музеј „Спејер“ во Германија.
https://www.instagram.com/p/BUxYIFnjDUn/
Неверојатни фотографии и снимки од оваа место прикажуваат топлина и грандизност на некогашната руска гордост.
Поради тоа целата регија е под надзор на руската војска, авантуристите морале постојано да внимаваат на можна доаѓачка опасност, пренесува РТ.
Овој потфат само е еден од многуте кои оваа група на ентузијасти ги спровела на чело со данскиот режисер Боб Тисен.