Џејмс Ластед (33) и Клои (27) од Велс, влегоа во Гинисовата книга на рекорди како двојка со најголема разлика во висината.
Имено, Џејмс е висок 109 см, Клои 162 см, а разликата во нивната висина е 53 сантиметри.
View this post on Instagram
Џејмс е телевизиски актер, уметник во пантомима, кој има редок облик на раст на џуџе. Двајцата се запознале преку заеднички пријатели во еден локален паб.
Клои признава дека пред Џејмс ја привлекувале повисоки мажи, но дека сè се сменило со него.
– Има некој за секого и можеби на крајот нема да биде оној што си го замислувал цело време. Се надевам дека нашата љубовна приказна ќе биде доказ дека не можете да процените книга според нејзината корица – рече таа.
View this post on Instagram
Тие се венчаа во 2016 година и имаат ќерка, а Џејмс рече дека на почетокот се сомневал дека некогаш ќе се ожени, но сега вели дека нивната врска докажува дека има идеален пар за секого.
– Држењето на ќерка ми во рацете е дефинитивно една од првите две најдобри работи што некогаш сум ги доживеал. „Свадбата со Клои беше вториот најдобар ден во мојот живот“, додаде Џејмс.
View this post on Instagram