Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Минималната температура ќе се спушти меѓу 6 и 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Под влијание на влажен бран во четврток и петок ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд.
На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30 л/м2).
Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.