Властите на Мариупол: Во бомбардирањето на театарот загинаа околу 300 цивили

Сподели со своите пријатели

Властите во Мариупол денеска соопштија дека во бомбардирањето на театарот во тој украински град загинале околу 300 цивили кои се криеле во подрумот.

Бројот е собран врз основа на сведочењето на очевидците.

Нема податоци дали итните служби ја завршиле евакуацијата и на кој начин врз основа на сведоштва се добиени податоци за 300 жртви.

 

Новинар на Би-Би-Си влезе во Ирпин: Сè е уништено, но градот не падна

 

Во моментот на бомбардирањето на 16 март, пред театарот со големи букви пишуваше „деца“, за од воздух да се види дека е засолниште.

Украинскиот народен правобранител за човекови права Људмила Денисова рече дека во тоа време во театарот имало околу 1.300 луѓе.