Реклама од Владата на Нов Зеланд која ги охрабрува родителите да разговараат со децата за порнографија стана хит.
Имено, истражување од декември покажа дека тинејџерите во Нов Зеланд првенствено користат интернет за да дознаат информации кои ги интересираат за сексуалниот живот, и се чини дека експертите пронашле начин да го привлечат вниманието на јавноста за тоа прашање.
Во оваа необична реклама, ѕвездите на филмовите за возрасни, Сју и Дерек, се појавуваат во куќа на момче кое ги гледа нивните филмови на интернет. Вратата ја отвори шокираната мајка која потоа дознава дека момчето го користи својот мобилен телефон, мобилните телефони на своите родители, Плејстејшн, компјутер и друга технологија за да гледа филмови за возрасни.
„Можеби не знае како функционираат љубовните врски“, ја предупредува голиот пар оваа мајка, додавајќи дека тие самите не се однесуваат така во реалниот живот.
По првичниот шок, мајката му кажува на својот син: „Се чини дека е време да разговараме за разликата помеѓу она што го гледаш на интернет и реалниот живот“.
Рекламата собра скоро два милиони прегледи за многу кратко време и предизвика бројни реакции.