Владејачката Нова демократија освои 40,8 отсто од гласовите на изборите во Грција

Сподели со своите пријатели

Грчката владејачка Нова демократија освои 40,8 отсто од гласовите на парламентарните избори во неделата пред левичарската Сириза, која освои 20,1 отсто од гласовите врз основа на над 90 отсто преброени гласачки ливчиња.

Loading...

Според овие резултати, Нова демократија нема да може сама да формира влада, објави Ројтерс.

Грчкото Министерство за внатрешни работи предвидува дека Нова демократија би можела да освои 145 места во парламентот, шест помалку од апсолутното мнозинство.

Сириза освои 72 места, ПАСОК 41 мандат, Комунистичката партија 26, а десничарската партија „Грчко решение“ 16 места.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу од денеска ќе им даде рок на првите три партии на изборите – Нова демократија, Сириза и социјалистичката ПАСОК – по три дена да формираат коалициска влада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарскиот парламент изгласа нова влада предводена од премиерот Жељасков

Доколку партиите не можат да формираат влада, Сакеларопулу ќе назначи преодна влада за да се подготви за одржување нови избори, кои потоа треба да се одржат за околу еден месец.

Грчкиот премиер и лидер на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кој постојано изјави дека сака силна еднопартиска влада, рече дека верува оти добил јасен мандат.

„Резултати од гласањето се одлучувачки. Тие покажуваат дека Нова демократија има одобрение од народот да владее, силна и независна“, изјави Мицотакис пред насобраните синоќа пред седиштето на партијата во центарот на Атина.

Loading...

Лидерот на Сириза, поранешниот премиер Алексис Ципрас, му ја честитал победата на Мицотакис, јави грчката агенција АНА-МНП, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарскиот парламент изгласа нова влада предводена од премиерот Жељасков