Владата прогласи кризна состојба во период од 30 дена

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Македонија донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на целата држава, како одговор на зголемениот број пожари, соопшти Марија Митева, портпарол на Владата.

Loading...

Кризната состојба ќе важи 30 дена и е прогласена врз основа на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи, кој заседаваше вчера.

– Одлуката е донесена поради „сложената состојба на теренот, високите температури, силните ветрови и зголемениот ризик за животната средина, имотот и безбедноста на граѓаните, изјави Митева.

Според неа, ваквиот чекор овозможува интегриран и координиран пристап на сите релевантни институции – Армијата, полицијата, противпожарните единици, Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и другите ангажирани служби. Целта е, како што беше посочено, да се обезбеди брза мобилизација и целосно вклучување на сите човечки, технички и логистички ресурси за справување со ситуацијата и заштита на населението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гостивар во фокусот на ЗНАМ: Жителите на Гостиварско го креираат патот кон новата локална политика

„Владата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја, со приоритет на безбедноста на граѓаните. Државата ќе биде таму каде што е најпотребно“, нагласи портпаролката.

Митева упати и јавна благодарност до сите пожарникари, припадници на Армијата, полицијата, волонтерите и граѓаните кои, како што рече, со денови пожртвувано се борат со огнената стихија.

„Нивната храброст и посветеност заслужуваат највисоко почитување“, додаде таа.

Воедно, граѓаните се повикани на максимална внимателност и строго почитување на сите препораки и забрани, со цел да се спречи натамошно ширење на пожарите и да се овозможи побрзо справување со последиците.

Loading...

Владата останува во постојана координација со сите институции и ќе продолжи со внимателно следење на состојбата на терен, се вели во официјалното соопштение.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се најмоќните ИТ-компании во македонска сопственост?

Никола Ивановски