Владата препорачува за време на празниците да работат продавниците

Сподели со своите пријатели

Владата, според одлученото на денешната седница, препорачува, за време на новогодишните и божиќните празници, да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало.

Loading...

Препораката се однесува за деновите 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година, како и 7 јануари и 8 јануари 2024 година,

– Целта на оваа препорака, како што беше образложено од предлагачот, Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови), информираат од Владата.

Исто така, како што е образложено, за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе допринесат во растот на потрошувачката во државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

Никола Ивановски