Владата препорача итна гасификација на кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница упати препорака за наоѓање итно решение за замена на постоечкиот начин на загревање на Општата болница Куманово со можностите за греење на гас, имајќи го предвид планираното воведување на гасификација во Општа болница Куманово при изградбата на новиот ургентен – хирушки центар при ОБ Куманово.

Ова ќе биде од големо значење за намалување на загаденоста на воздухот во градот, бидејќи локалната самоуправа оваа здравсетвена установа ја посочи како еден од поголемите загадувачи, поради тоа што за затоплување користи мазут и фосилни горива.

Менаџерскиот тим има подготвен проект за гасификација, кој според министерот за здравство Венко Филипче треба да се модифицира и да се распише тендер.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски истакна дека Јавното претпријатие „Куманово гас“ е подготвено во секој момент да ја испорача потребната количина гас за затоплување на оваа установа.

Leave a Reply