На само еден ден пред почетокот на новата учебна година Владата на Република Северна Македонија се произнесе по барањата на кумановските училишта за одржување настава со физичко присуство.
Согласност не доби ниту едно од петте средни училишта во градот, па така учениците од гимназиите „Гоце Делчев“ и „Наим Фрашери, ССОУ „Киро Бурназ, СОУ „Перо Наков“ и ОСТУ „Наце Буѓони“ од утре ќе изведуваат настава преку платформата за далечинско учење.
Стручната комисија при Владата, одлучи да не даде согласност и за следните основни училишта за ученици од четврто до деветто одделение:
„11 Октомври“ – централно
„11 Октомври“ – подрачно училиште во село Којнаре
„Бајрам Шабани“
„Битолски конгрес“ – село Лопате
„Браќа Рибар“ – подрачно училиште село Сопот
„Вук Караџиќ“ – централно училиште
„Јероним де Рада“ – централно училиште село Черкези
„Кирил и Методиј“ – централно училиште село Романовце
„Кочо Рацин“ – централно училиште
„Крсте Мисирков“ – централно училиште
„Магдалена Антова“ – централно училиште населба Карпош
„Наим Фрашери“ – централно училиште
„Толи Зордумис“ – централно училиште
„Христијан Карпош“ – централно училиште
„Христијан Карпош“ – подрачно училиште населба Иго Тричковиќ
Настава со физичко присуство Владата одобри за следните училишта:
„11 Октомври“ – подрачно училиште село Речица – за ученици од четврто и петто одделение
„Браќа Миладиновци“ – централно училиште – за ученици во посебни паралелки со посебни образовни потреби од четврто до деветто одделение со согласност од родител.
„Браќа Миладиновци“ – подрачно училиште село Пчиња – за ученици од четврто и петто одделение.
„Браќа Миладиновци“ – подрачно село Студена Бара – за ученици од четврто одделение.
„Браќа Рибар“ – централно училиште село Табановце – за ученици од четврто и петто одделение.
„Браќа Рибар“ – подрачно училиште село Горно Којнаре – за ученици од четврто и петто одделение.
„Браќа Рибар“ – подрачно училиште село Костурник – за ученици од четврто и петто одделение.
„Браќа Рибар“ – подрачно училиште село Четирце – за ученици од четврто и петто одделение.
„Вера Которка“ – централно училиште село Клечовце – за ученици од четврто и петто одделение.
„Карпош“ – централно училиште село Умин Дол – за ученици од четврто и петто одделение.
„Карпош“ – централно училиште село Љубодраг – за ученици од четврто и петто одделение.
„Кирил и Методиј“ – централно училиште село Агино село – за ученици од четврто и петто одделение.
„Кочо Рацин“ – подрачно училиште село Биљановце – за ученици од четврто и петто одделение.
„Кочо Рацин“ – подрачно училиште село Габреш – за ученикот од петто одделение.
„Кочо Рацин“ – подрачно училиште село Доброшане – за ученици од четврто и петто одделение.
„Кочо Рацин“ – подрачно училиште село Кучкарево – за ученици од четврто и петто одделение.
„Кочо Рацин“ – подрачно училиште село Орашац – за ученици од четврто до деветто одделение.
„Толи Зордумис“ – подрачно училиште село Режановце – од четврто до деветто одделение.
„Христијан Карпош“ – подрачно училиште село Тромеѓа – за ученици од четврто и петто одделение.
Настава со физичко присуство ќе се изведува во сите основни училишта за ученици до трето одделение.
Како што информираат надлежните предвид се земени условите во училиштата, како и епидемиолошката состојба во регионите во кои се наоѓаат училиштата, бројот на ученици, хигиенско санитарните услови, просторните капацитети на училиштата и други индикатори согласно усвоениот Планот и Протоколи од Владата.
Никола Ивановски

