Владата ќе воведе забрани и посебен режим на движење

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија во текот на денешниот ден се очекува д воведе забрана и посебен режим на движење на целата територија.

Loading...

На вчерашната седница ја задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да изготви детален писмен предлог со мерки и препораки.

-Се задолжува Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст) и истите да ги достави до Владата, за седницата што ќе се одржи на 21 март 2020 година (сабота), стои во соопштението од владината прес служба.

Владата го задолжи д-р Венко Филипче, министер за здравство, да определи двајца епидемиолози што ќе присуствуваат на седницата на Влада, со цел да ги образложат предложените мерки и препораки на членовите на Владата.

Никола Ивановски

Leave a Reply