Владата ќе побара од НАТО да бидат активирани механизмите за цивилна заштита

Сподели со своите пријатели

Владата одлучи да побара од НАТо да бидат активирани механизмите за цивилна заштита при вонредни состојби.

Loading...

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата 31-вата седница на која беа усвоени записниците од 13-тиот и 14-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, одржани на 28 и на 30 март 2020 година.

Согласно заклучокот од 14-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, Владата денеска заклучи да побара од НАТО да бидат активирани механизмите за цивилна заштита во услови на вонредни состојби на Евро-атлантскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофи (Euro-Atlantic Disaster Response Coordination Centre – EADRCC), и задолжи работна група предводена од Секретаријатот за европски прашања, кој ја координира меѓународната помош, да подготви листа на приоритети за кои е неопходна идна асистенција од овие механизми.

Никола Ивановски

Leave a Reply