Владата ќе одржи онлајн седница

Сподели со своите пријатели

Владата денеска преку видеоконференциска интернет комуникација ќе ја одржи 18-тата седница со повеќе точки на дневен ред.

Loading...

Како што соопшти владината прес-служба, Владата на седницата, меѓу другите, треба да ги разгледа Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, како и Предлогот на закон за ратификација на Дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги кон Договорот за изменување и пристапување кон Договорот за слободна трговија на Централна Европа, предложени од ресорните министерства.

На денешната 18-та владина седница, на дневен ред е и Информацијата за потребата од потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој, кој се однесува на соработката за поддршка на процесот за членство во Европската Унија.

За заклучоците и донесените одлуки на денешната седница на Владата, како што информираат оттаму,  јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Славица Стефановска

Leave a Reply