Владата ја разгледува можноста да се продолжи летно сметање на времето

Сподели со своите пријатели

На синоќешната владина седница, задолжено е Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

Зимското сметање на времето треба да започне последниот викенд од овој месец, со што стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад.

Дебатата за укинување на зимското и летното сметање на времето ја отвори и Европската комисија пред четири години, а дури 83 отсто од жителите на Европската унија тогаш се изјаснија дека поддржуваат укинување на досегашниот начин на сметање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес регистриран претпладнево во Македонија